1 Chronicles 28:1 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Давид ги собра во Ерусалим сите израилски водачи, началници на племињата, началници на одделите, што му служеа на царот, илјадниците и стотниците и оние, што беа над сите имоти и стада на царот, синовите свои, дворјаните, војводите и сите храбри мажи.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Давид ги собра во Ерусалим сите израелски кнезови, началници на племињата, началници на одделите, што му служеа на царот, илјадниците и стотниците и надзорниците над сите имоти и стада на царот, и на неговите синови, дворјаните, јунаците и сите храбри воини.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Давид ги собра во Ерусалим сите израелски кнезови, племенските кнезови и главатарите на одредите кои му служеа на царот, илјадниците, стотниците и надгледувачите над сиот имот и над царевото богатство и над благото на неговите синови, заедно со дворјанците и јунаците, со сите храбри војници.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Давид ги собра во Ерусалим сите израилски кнезови, началници на племињата, началници на одделите, што му служеа на царот, илјадниците и стотниците и надзорниците над сите имоти и стада на царот, и на неговите синови, дворјаните, јунаците и сите храбри воини.