1 Chronicles 28:2 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И стана цар Давид на нозе, па рече: »Чујте ме, браќа мои и народе мој! Ми беше на срце да изградам дом за почивка на Ковчегот на заветот Господов, за подножје на нозете на нашиот Бог, и по подготвив потребното за градење.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И стана цар Давид на нозе, па рече: „Чујте ме, браќа мои и народе мој! Ми беше на срце да изградам дом за почивка на ковчегот на заветот Господов, за подножјето на нозете на нашиот Бог, и го подготвив потребното за градење.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Станувајќи на нозе, царот Давид рече: „Чујте ме, браќа мои и народе мој! Јас намислив во своето срце да изградам дом каде би почивал Ковчегот на Господовиот Завет и за да биде подножје на нозете на нашиот Бог, та подготвив што е потребно за градењето.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))