1 Corinthians 10:16 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Чашата на благословот, која ја благословуваме, не е ли општување со крвта Христова? Лебот што го кршиме, не е ли општување со телото Христово?
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Чашата на благословот, која ја благословуваме, не е ли заедништво со крвта Христова? Лебот, што го кршиме, не е ли заедништво со телото Христово?
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Чашата на благословот, што ја благословуваме, не е ли заедништво на Христовата крв? Лебот, што го раскршуваме, не е ли заедништво на Христовото тело?
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Кога на Господовата вечера пиеме од чашата над која молиме Божји благослов, не земаме ли учество во придобивките што произлегуваат од Христовата крв? Кога го кршиме лебот и го јадеме, не земаме ли учество во придобивките што произлегуваат од Христовото тело?
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Чашата на благословот, која ја благословуваме, не е ли заедништво со крвта Христова? Лебот, што го кршиме, не е ли заедништво со телото Христово?
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Чашата на благословот, која ја благословуваме, не е ли заедница со крвта Христова? Лебот, што го кршиме, не е ли заедница со телото Христово?