1 Corinthians 5:10 — Compare Translations

6 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
но не и општо со блудници од овој свет, или со користољубци, или со грабачи, или со идолопоклоници, оти, инаку, би требало да излезете од овој свет.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
но не и воопшто со блудниците од овој свет, или со користољупци, или со грабачи, или со идолопоклоници, зашто, инаку, би требало да излезете од овој свет.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
не воопшто со блудниците на овој свет, или со лакомците, или со разбојниците, или со идолопоклонците, зашто тогаш би требало да излезете од светот.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Притоа не мислев на луѓе кои се уште не се христијани, а живеат во блуд. Кога би требало да се држите настрана од сите што во овој свет се неморални, алчни, лажговци и што им се поклонуваат на разни идоли, би требало сосема да го напуштите овој свет!
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
но не и воопшто со блудниците од овој свет, или со користољупци, или со грабачи, или со идолопоклоници, заш­то, инаку, би требало да излезете од овој свет.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
но не општо со блудниците од овој свет, или со ненаситници, или со грабливци, или со идолопоклоници, заш­то, инаку, би требало да излезете од светот.