1 Corinthians 7:34 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Постои разлика меѓу жена и девојка; неомажената се грижи за Господови работи – како да Му угоди на Господа, за да стане света со телото и со духот; а омажената се грижи за световни работи – како да му угоди на мажот свој.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Тука е разликата меѓу жената и девојката. Немажената жена се грижи за Господови работи — како да Му угоди на Господ, за да биде света со телото и со духот; а омажената се грижи за световни работи — како да му угоди на мажот свој.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
та вниманието му е поделено. И немажената жена, девицата, се грижи за Господовото, за да биде света во телото и во духот; а мажената се грижи за светското: како да му угоди на мажот.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Неговото внимание е поделено. На ист начин, и немажена жена или девојка можат да му се посветат на Господовото дело, па така ќе бидат свети и телесно и духовно. Мажената жена, пак, се грижи и за овоземни работи, за да може да му угоди на својот сопруг.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Тука е разликата меѓу жената и девојката. Немажената жена се грижи за Господови работи – како да Му угоди на Господа, за да биде света со телото и со духот; а омажената се грижи за световни работи – како да му угоди на мажот свој.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Тука е разликата меѓу жената и девојката. Немажената жена се грижи за Господови работи – како да Му угоди на Господ, за да биде света и со телото и со духот; а омажената се грижи за световни работи – како да му угоди на својот маж.