1 Corinthians 7:5 — Compare Translations

6 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Не одделувајте се еден од друг – освен по договор за некое време, за да постите и да Му се молите на Бога; и пак состанете се за да не ве искуша сатаната, поради вашето невоздржување.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Не лишувајте се еден од друг — освен по договор за некое време, за да ѝ се посветите на молитвата и пак да бидете заедно за да не ве напаствува сатаната, поради вашето невоздржување.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Не лишувајте се еден од друг, освен по договор, за некое време, за да и се предадете на молитвата; потоа состанувајте се пак, за да не ве искушува сатаната, заради вашата невоздржаност.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Затоа, не лишувајте се еден од друг, освен, по исклучок, ако така заедно се договорите, и тоа нека биде само за извесно време и со цел да се посветите на молитва. Потоа вратете се на нормалниот интимен живот, за да не ве наведе на искушение Сатаната, користејќи ја вашата невоздржливост.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Не лишувајте се еден од друг – освен по договор за некое време, за да ѝ се посветите на молитвата и пак да бидете заедно за да не ве напаствува сатаната, поради вашето невоздржување.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Не лишувајте се еден од друг – освен по договор, за некое време, за да се посветите на пост и молитва, а потоа повторно бидете заедно, за да не ве искушува сатаната, поради вашето невоздржување.