1 John 2:27 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И помазанието, што го примивте од Него, пребива во вас, и немате потреба некој да ве учи; но бидејќи самото помазание ве учи на сѐ, и е вистинско, и не е лага, тоа останете во него онака, како што ве научило тоа.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
А вие, помазанието што го примивте од Него, останува во вас, и немате потреба некој да ве поучува; но бидејќи Неговото помазание ве учи на сѐ, и е вистинито, и не е лага, затоа останете во Него онака како што ве научило тоа.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
А вие, во вас останува помазанието што го примивте од Него и не е потребно некој да ве поучува, туку како што Неговото помазание ве учи за сè, и е вистинско и не е лага, и како што ве научи, така останете во Него.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Што се однесува до вас, вие сте просветлени од Светиот Дух и, се додека Тој Дух живее во вас, нема потреба никој да ве учи за тоа што е вистина, а што не. Светиот Дух ве учи за се, и се што Тој ве учи е вистина, а не лага. Држете се до Него и до она што Тој ве научи.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
А вие, помазанието што го примивте од Него, останува во вас, и немате потреба некој да ве поучува; но бидејќи Неговото помазание ве учи на сѐ, и е вистинито, и не е лага, затоа останете во Него онака како што ве научило тоа.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
А што се однесува на вас, помазанието што го примивте од Него, останува во вас, и нема потреба некој да ве поучува; но бидејќи Неговото помазание ве учи на сѐ, и е вистинито, и не е лага, затоа останете во Него онака како што ве научило тоа.