1 Kings 14:26 — Compare Translations

4 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
и ги зеде ризниците на домот Господов и ризниците на царскиот дом: и златните штитови, кои Давид ги беше зел од слугите на сувскиот цар Адраазар и ги беше внел во Ерусалим. Сѐ зеде; ги зеде и сите златни штитови, што ги беше направи Соломон.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
и ги ограби ризниците на домот Господов и ризниците на царскиот дом. Сѐ зеде; ги зеде и сите златни штитови што ги беше направил Соломон.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Го ограби сето богатство од Господовиот Дом и од ризницата на царскиот дворец; зеде сè; ги зеде и сите златни штитови што ги имаше направено Соломон.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
и ги ограби ризниците на домот Господов и ризниците на царскиот дом (и златните штитови, кои Давид ги беше зел при запленувањето на Цов­скиот цар Адраазар и ги беше донел во Ерусалим). Сѐ зеде; ги зеде и сите златни штитови што ги беше направил Соломон.