1 Kings 15:18 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Тогаш Аса го зеде сето сребро и злато, што беше останало во ризницата на домот Господов и во ризницата на царскиот дом, и го даде во рацете на слугите свои; и царот Аса ги испрати при Таверема, синот на Адера, син Хезионов, цар сириски, кој живееше во Дамаск, велејќи:
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Тогаш Аса го зеде сето сребро и злато што беше останало во ризницата на домот Господов и во ризницата на царскиот дом, и го даде во рацете на слугите свои; и царот Аса ги испрати кај Венадад, синот на Тавримон, син Хезионов, цар арамејски, кој живееше во Дамаск, велејќи:
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Тогаш Аса зеде сребро и злато, што останало во ризницата на Господовиот Дом и во ризницата на царскиот дворец, и им го даде на своите слуги та ги испрати кај Вен-Адад, синот Тамримов, синот Есионов, арамејски цар, кој престолуваше во Дамаск, и му порача:
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))