1 Kings 6:27 — Compare Translations

4 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Тој ги постави херувимите среде внатрешниот дел на храмот. А крилјата на херувимите беа раширени, и крилото на едниот се допираше до едниот ѕид, а крилото на другиот херувим допираше до другиот ѕид; другите нивни крилја пак се среќаваа крило со крило среде храмот.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Тој ги постави херувимите среде Светињата над светињите. А крилјата на херувимите беа раширени, и крилото на едниот се допираше до едниот ѕид, а крилото на другиот херувим допираше до другиот ѕид; другите нивни крилја пак се среќаваа крило со крило среде просторијата.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Ги смести херувимите сред внатрешната просторија; ги ширеа своите крила, така што крилото на едниот достигаше до едниот ѕид, а крилото на другиот достигаше до другиот ѕид; во средината на просторијата крилата им се допираа.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))