1 Peter 1:17 — Compare Translations

6 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Иако Го наречувате Отец Оној, Кој не гледајќи кој е кој, секому му суди според делата, затоа поминувајте го времето на својот живот во страв,
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Ако Го нарекувате Отец Оној, Кој непристрасно секому му суди според делата, тогаш поминувајте го времето на својот живот во страхопочит,
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И кога Го наречувате Татко Оној, Кој не гледајќи кој е кој, го суди според делата секој поединец, поминувајте го во страв времето на својот живот како придојденици,
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Кога веќе Бога го сметате за ваш небесен Татко, Кој секого наградува или казнува според постапките, без пристрасности спрема поединци, тогаш, се додека живеете како туѓинци, овде на Земјава, однесувајте се со страхопочит спрема Бог.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Ако Го нарекувате Отец Оној, Кој непристрасно секому му суди според де­лата, тогаш поминувајте го времето на својот живот во страхопочит,
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Па ако Го нарекувате Отец Оној, Кој непристрасно суди според сечие де­ло, тогаш поминувајте го времето на вашиот овдешен престој во стравопочит,