1 Peter 4:3 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Зашто доволно е што минатото време на животот го поминавте во вршење волја на незнабошците, живеејќи во нечистотија, во похоти, во пијанство, во прејадување, во препирање и во нечестиво идолопоклонство.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Зашто доволно е што минатото време на животот го поминавте во вршење волјата на незнабошците, живеејќи во нечистотија, во похоти, во пијанство, во прејадување, во препивање и во нечестиво идолопоклонство.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Зашто доста е што во минатото време ја вршевте волјата на народите со тоа што живеевте во разврати, во страсти, во пијанства, во гозби, во опијанувања и во беззаконско идолопоклонство.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Доволно време потрошивте учествувајќи во она во што уживаат паганите: во неморал, незауздана похота, опивање, гозби, пијанки и одвратно идолопоклонство.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Зашто доволно е што минатото време на животот го поминавте во вршење волјата на незнабошците, живеејќи во нечистотија, во похоти, во пијанство, во прејадување, во препивање и во нечестиво идолопоклонство.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Зашто доволно е што изминатото време од животот ја извршувавте волјата на незнабошците, одејќи во разврат, похоти, пијанство, гозби, опивања и нечестиви идолослуженија.