1 Samuel 17:28 — Compare Translations

4 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Елијав, најголемиот брат на Давида, чу што говореше тој со луѓето, и му се налути Елијав на Давида, па му рече: »Зошто си дошол тука и на кого им ги остави оние малку овци во пустињата? Го знам јас твоето кревање на големо и твоето лошо срце; ти си дошол да ја гледаш борбата.«
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Елијав, најголемиот брат на Давид, слушна што говореше тој со луѓето, и му се налути Елијав на Давид, па му рече: „Зошто си дошол тука и на кого им ги остави оние малку овци во пустината? Ја познавам твојата дрскост и твоето лошо срце. Ти си дошол да ја гледаш борбата.“
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
А кога Елиав, неговиот најстар брат, чу како разговараше со луѓето, пламна со гнев против Давида па му рече: „А што си дошол ти тука? Кому му ги остави оние малку овци во пустината, ја знам јас твојата дрскост и злобата на твоето срце: дојде за да ја видиш битката!”
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))