1 Samuel 2:10 — Compare Translations

4 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Господ ќе ги сотре оние што се препираат со Него; од небесата ќе згрми на нив. Господ е свет. Да не се фали мудриот со мудроста своја, да не се фали силниот со силата своја, да не се фали богатиот со богатството свое, туку секој, кој сака да се фали, нека се фали дека Го разбира и Го знае Господа. Господ ќе ги суди краиштата на земјата, ќе му даде сила на Својот цар и ќе го воздигне рогот на помазаникот Свој.«
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Господ ќе ги изнемошти оние што се препираат со Него. Од небесата ќе згрми на нив. Господ ќе ги суди кра­иштата на земјата, ќе му даде сила на Својот цар и ќе ја возвиши моќта на помазаникот Свој.“
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Кои Му се противат на Господа, се сотираат. Сèвишниот грми од небесата врз нив. Господ им суди на краиштата на земјата, му дава сила на својот цар, и Го воздигнува рогот на Својот помазаник.”
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Господ ќе ги изнемошти оние што се препираат со Него. Од небесата ќе згрми на нив. (Господ е свет. Да не се фали мудриот со мудроста своја, да не се фали силниот со силата своја, да не се фали богатиот со богатството свое, туку секој, кој сака да се фали, нека се фали дека Го разбира и Го знае Господ). Господ ќе ги суди краиштата на земјата, ќе му даде сила на Својот цар и ќе ја возвиши моќта на помазаникот Свој.“