1 Samuel 21:2 — Compare Translations

4 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Давид му рече на свештеникот Авимелех: »Царот ми даде заповед, велејќи: ‚Никој нека не знае, за што сум те испратил и што сум ти порачал‘ затоа ги оставам слугите свои на определено место;
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Давид дојде во Нов кај свештеникот Ахимелех, и Ахимелех се збуни, кога се сретна со Давид, па му рече: „Зошто си сам? И зошто нема никој со тебе?“
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
А Давид му одговори на свештеникот Ахимелех: „Царот ми даде налог и ми рече: ‘Никој нека не знае зошто те праќам и што ти заповедав!’ А момчињата ги испратив да ме пречекаат на тоа и тоа место.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Давид му рече на свештеникот Ахи­мелех: „Царот ми даде заповед, велејќи: ‚Никој нека не знае, за што сум те ис­пратил и што сум ти порачал‘ затоа ги оставив слугите свои на определено место;