1 Samuel 23:25 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Потоа отиде Саул со своите луѓе да го бара. Но му јавија на Давида за тоа, и тој слезе при карпата и остануваше во пустињата Маон. Саул чу и се пушти по Давида во пустињата Маон.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Потоа отиде Саул со своите луѓе да го бара. Но му јавија на Давид за тоа, и тој слезе кај карпестите места во пустината Маон. Саул слушна и се пушти по Давид во пустината Маон.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Потоа и Саул тргна со своите луѓе, за да го бара Давида. Кога му го јавија тоа на Давида, тој слезе во клисурата што лежи во пустината Маон. Саул го научи тоа и тргна во потера по Давида во пустината Маон.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Потоа отиде Саул со своите луѓе да го бара. Но му јавија на Давид за тоа, и тој слезе кај карпестите места во пустината Маон. Саул слушна и се пушти по Давид во пустината Маон.