1 Samuel 25:39 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Чу Давид, дека Навал умрел, и рече: »Благословен Господ, Кој врати за срамот, што ми го нанесе Навал, и Кој го зачува Својот слуга од зло; Господ ја сврти злобата на Навала врз неговата глава.« И Давид испрати да ѝ кажат на Авигеја, дека тој ќе ја земе за жена.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Кога Давид слушна дека Навал умрел, и рече: „Благословен да е Господ, Кој врати за срамот што ми го нанесе Навал, и Кој го зачува Својот слуга од зло; Господ ја сврте злобата на Навал врз неговата глава.“ И Давид испрати да ѝ кажат на Авигеја дека тој ќе ја земе за жена.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Кога Давид чу дека умре Навал, рече: „Нека е благословен Господ, Кој ми ја исправи неправдата што ми ја направи Навал; и Господ го запази својот слуга да не направи зло, а ја навали Наваловата злоба на неговата глава!” Потоа Давид испрати порака до Авигеја дека ќе ја земе за жена.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))