1 Thessalonians 1:5 — Compare Translations

6 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
зашто нашето Благовестие кон вас беше не само со слово, туку и со сила и со Светиот Дух, и со голема увереност: сами знаете какви бевме за вас помеѓу вас.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
зашто нашето Евангелие не дојде кај вас само со слово, туку и во сила и во Светиот Дух, и во полна увереност: са­ми знаете какви бевме меѓу вас заради вас.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
зашто нашето проповедање меѓу вас не беше само со слово, туку и во сила, и во Светиот Дух, и во полна увереност; како што знаете какви бевме меѓу вас заради вас.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
затоа што Радосната вест не ви ја проповедавме само преку зборови, туку бевте сведоци на огромна сила: Светиот Дух наполно ве увери дека тоа што ви го говоревме е вистина. Вие знаете како живеевме додека бевме кај вас. Тоа беше дополнителен доказ дека нашата порака е искрена.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
зашто нашето Евангелие не дојде кај вас само со слово, туку и во сила и во Светиот Дух, и во полна увереност: са­ми знаете какви бевме меѓу вас заради вас.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
бидејќи нашето благовестие кон вас не беше само со слово, туку и во сила и во Светиот Дух, и со потполна увереност: са­ми знаете какви бевме меѓу вас, заради вас.