1 Thessalonians 2:7 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
иако можевме и да се јавиме со важност како Христови апостоли, но при сето тоа ние бевме среде вас благи, онака како што нежно се однесува доилката кон своите деца.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
иако можевме и да се наметнеме како Христови апостоли. Но сепак ние бевме меѓу вас така нежни, како што се однесува мајката кога ги дои своите деца.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Напротив, бевме благи меѓу вас, како доилката, која топло ги негува своите деца,
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Како апостоли на Христос можевме да ви поставуваме разни барања, но ние многу внимателно се однесувавме со вас, како мајка доилка што со нежност се грижи за своите дечиња.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
иако можевме и да се наметнеме како Христови апостоли. Но сепак ние бевме меѓу вас така нежни, како што се однесува мајката кога ги дои своите деца.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
иако, како Христови апостоли, можевме и да се наметнеме. Но ние меѓу вас бевме така нежни, како што мајката доилка ги негува своите деца.