1 Thessalonians 4:1 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И така, браќа, ве молиме и советуваме во Христа Исуса, онака, како што научивте од нас како треба да постапувате и да Му угодите на Бога, како што и постапувате, повеќе во тоа да успевате;
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И така, браќа, ве молиме и ве заколнуваме во Христос Исус, онака, како што научивте од нас како треба да живеете и да Му угодите на Бога, како што и постапувате, сѐ повеќе во тоа да напредувате;
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Најпосле, браќа, бараме и ве опоменуваме во Господа Исуса, да изобилувате повеќе во она што го примивте од нас, како треба да живеете и да Му угодувате на Бога, како што и успевате во тоа.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
За крај, драги пријатели, сега кога Му припаѓате на Господ Исус, ве молиме и ве повикуваме да живеете богоугодно, онака како што ве учевме. Вие веќе сега живеете така, но трудете се уште повеќе.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
И така, браќа, ве молиме и ве заколнуваме во Христос Исус, онака, како што научивте од нас како треба да живеете и да Му угодите на Бога, како што и постапувате, сѐ повеќе во тоа да напредувате;
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
И така, браќа, ве молиме и ве преколнуваме во Господ Исус: како што научивте од нас како треба да живеете и да Му угодувате на Бога – сѐ повеќе во тоа да напредувате;