1 Timothy 3:13 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Оти оние, што служат добро, се здобиваат со висок чин и голема слобода во верата што ја имаат во Исуса Христа.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Зашто оние што служат добро како ѓакони, се здобиваат со угледна положба и голема смелост во верата што ја имаат во Исус Христос.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
зашто оние, кои ја извршиле добро својата служба добиваат чесна положба и голема смелост во верата во Христа Исуса.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Тие што добро ги извршуваат ѓаконските должности во црквата треба да бидат наградени со почит и доверба како верни следбеници на Исус Христос.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Зашто оние што служат добро како ѓакони, се здобиваат со угледна положба и голема смелост во верата што ја имаат во Исус Христос.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Зашто, оние што добро служеле, се здобиваат со угледна положба и со голема смелост во верата во Христос Исус.