1 Timothy 3:16 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И, навистина, голема е тајната на побожноста: Бог се јави во плот, посведочен беше од Духот, се покажа на ангелите, беше проповедан на народите, светот Му поверува, и се вознесе во слава.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
А, несомнено, голема е тајната на побожноста. Бог, Кој се јави во тело, беше оправдан во Духот, виден од ангелите, проповедан на народите, веруван во светот, вознесен во слава.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И по општо признание, голема е тајната на побожноста: Оној, Кој се јави во тело, беше оправдан во Духот, им се покажа на ангелите, беше најавуван меѓу народите, поверуван во светот, беше вознесен во слава.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Без сомнение, тајната на вистинската вера во Бог е величествена: Христос дојде во човечко тело. Светиот Дух потврди дека Тој ја исполни Божјата волја. Ангелите Го видоа. За Него им беше проповедано на народите. Луѓето поверуваа во Него. Тој славно се вознесе на небото.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
А, несомнено, голема е тајната на побожноста. Бог, Кој се јави во тело, беше оправдан во Духот, виден од ангелите, проповедан на народите, веруван во светот, вознесен во слава.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
А несомнено, голема е тајната на благочестието: Бог се јави во тело, беше оправдан во Духот, виден од ангелите, проповедан на народите, во светот примен со вера, вознесен во слава.