2 Chronicles 19:10 — Compare Translations

4 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
при секоја расправија, каква што ќе дојде кај вас од браќата ваши, што живеат по градовите свои, било за крвнина, или за закон, заповед, уредба и обреди, објаснувајте им да не грешат пред Господа, та да не дојде гневот Негов врз вас и врз браќата ваши: така работете, и нема да згрешите.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
во секоја расправија, каква што ќе дојде кај вас од браќата ваши, што живеат по градовите свои, било за крв­нина, или за закон, заповед, уредба и обреди, објаснувајте им да не грешат пред Господ, та да не дојде гневот Негов врз вас и врз браќата ваши: така работете, и нема да згрешите.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Каков и да е спор ако излезе пред вас од вашите браќа кои живеат во градовите: било да се работи за крвна одмазда, за законот, за заповедите, за одредби или за обреди, треба сè да им растолкувате, за да не Му згрешат на Господа и за да не се обори Неговиот гнев на вас и на вашите браќа. Работете така и нема да бидете виновни.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
во секоја расправија, каква што ќе дојде кај вас од браќата ваши, што жи­веат по градовите свои, било за крвнина, или за закон, заповед, уредба и обреди, објаснувајте им да не грешат пред Господ, та да не дојде гневот Негов врз вас и врз браќата ваши: така работете, и нема да згрешите.