2 Chronicles 35:20 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
По сето тоа, што го направи Јосија во Божјиот дом, тој ги изгори во оган и лакомците, и маѓепсниците, и идолските светилишта, и идолите, и дубравите, што ги имаше во Ерусалим и во Јудеја, за да ги утврди зборовите на Законот, напишани во книгата, која свештеникот Хелкија ја најде во домот Господ; и немаше сличен на него пред него, што се обрнал кон Господа од сѐ срце, со сета душа и со сета сила, согласно со целиот закон Мојсеев, не се издигна и по него подобен на него. Но Господ, пак, не се одврати од големата јарост на гневот Свој, – јарост, со каква што Господ се беше разгневил на Јудеја за сите наскрбувања, со кои Го разгневи Манасија. И беше рекол Господ: »Ќе го отфрлам и Јуда од лицето Свое, како што го отфрлив домот Израилев, ќе го отфрлам домот Израилев, ќе го отфрлам и градот Ерусалим, што го одбрав, и храмот, за кој реков: таму ќе престојува името Мое.« И излезе Нехао, египетскиот цар, во војна против асирскиот цар на реката Ефрат кај Хархамис. Јосија му излезе во пресрет.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
По сето тоа, откако Јошија го уреди Божјиот дом, дојде Нехо, египетскиот цар, да се бори на реката Еуфрат кај Каркемиш. Јшија му излезе во пресрет.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
По сè тоа, кога Јосиј го уреди Домот, дојде египетскиот цар Нехао за да се бие кај Харкемис на Еуфрат, а Јосиј излезе пред него.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
По сето тоа, откако Јошија го уреди Божјиот дом, дојде Нехо, египетскиот цар, да се бори на реката Еуфрат кај Кархемиш. Јошија му излезе во пресрет.