2 Corinthians 1:12 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Бидејќи е нашата пофалба: сведоштво на нашата совест дека во простота и искреност пред Бога, а не со телесна мудрост, туку со Божја благодат живеевме на светот, особено, пак, меѓу вас.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Бидејќи нашата пофалба е оваа: сведоштво на нашата совест дека со простодушност и искреност пред Бога, а не со телесна мудрост, туку со Божја благодат живееме на светот, особено, пак, меѓу вас.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Зашто нашата самопофалба е ова: сведоштвото на нашата совест, дека ние живееме во светот, а особено меѓу вас, во светост и Божја искреност, а не во телесна мудрост, туку во Божјата благодат.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Ние можеме да бидеме горди на нашата чиста совест. Спрема сите луѓе, а посебно спрема вас, бевме отворени и искрени, онака како што Бог не учи. Не постапувавме онака како што телесен човек би сметал дека е мудро, туку не водеше Бог, Кој ни беше благонаклонет.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Бидејќи нашата пофалба е оваа: сведоштво на нашата совест дека со простодушност и искреност пред Бога, а не со телесна мудрост, туку со Божја благодат живееме на светот, особено, пак, меѓу вас.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Бидејќи нашата пофалба е оваа: сведоштвото на нашата совест дека во светот, а особено меѓу вас, живееме со простодушност и искреност Божја, не според телесна мудрост, туку според благодатта Божја.