2 Corinthians 11:10 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Како што е вистината Христова во мене, така и оваа пофалба нема да се одземе од мене во краиштата ахајски.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Поради вистината Христова во мене, оваа пофалба никој нема да ми ја земе во краиштата ахајски.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Христовата вистина е во мене, и оваа пофалба за мене нема да биде ограничена во ахајските краишта!
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Како што цврсто ја имам вистината за Христос во себе, така цврсто ви велам дека никој не ќе може да ме спречи со гордост да зборувам за ова по цела Ахаја!
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Поради вистината Христова во мене, оваа пофалба никој нема да ми ја земе во краиштата ахајски.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Христовата вистина е во мене и никој нема да ми ја земе оваа пофалба во ахајските краеви.