2 Corinthians 11:9 — Compare Translations

6 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
оти немаштијата моја ја употполнија браќата, што дојдоа од Македонија. Па и во сѐ друго се пазев и ќе се пазам, да не ви бидам на товар.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
зашто во немаштијата моја ми по­могнаа браќата што дојдоа од Маке­до­нија. Па и во сѐ друго се пазев и ќе се пазам да не ви бидам на товар.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
зашто за моите потреби дадоа браќата, кои дојдоа од Македонија. И се пазев во сè, и ќе се пазам, да не ви бидам товар.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Никого од вас не обременував кога запаѓав во скудност. За моите потреби се погрижија браќата од Македонија. Внимавав, а и понатаму ќе внимавам, никому од вам да не му бидам на товар.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
зашто во немаштијата моја ми по­могнаа браќата што дојдоа од Ма­ке­до­нија. Па и во сѐ друго се пазев и ќе се пазам да не ви бидам на товар.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
зашто во мојата оскудност ми по­могнаа браќата што дојдоа од Ма­ке­до­нија. Па и во сѐ друго се пазев и ќе се пазам, да не ви бидам на товар.