2 Corinthians 2:4 — Compare Translations

6 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Оти од многу грижи и од тага на срцето ви напишав со многу солзи, не за да ве огорчам, туку за да ја познаете преголемата љубов, што ја имам кон вас.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Зашто од многу грижи и од тага на срцето ви пишував со многу солзи, не за да ве ожалостам, туку за да ја познаете преголемата љубов што ја имам кон вас.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Зашто, ви пишував во голема тага и при тешкотија на срцето, и со многу солзи, не за да ве ожалостам, туку за да ја запознаете големата љубов, што ја имам кон вас.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Колку тешко ми беше да ви го напишам претходното писмо! Ви пишував длабоко нажален, со болка во срцето и со солзи во очите. Не сакав да ве повредам. Сакав само да сфатите колку е голема мојата љубов спрема вас.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Зашто од многу грижи и од тага на срцето ви пишував со многу солзи, не за да ве ожалостам, туку за да ја познаете преголемата љубов што ја имам кон вас.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Зашто од голема жалост и со болка на срцето ви пишував низ многу солзи, не за да ве ожалостам, туку за да ја познаете преголемата љубов што ја имам кон вас.