2 Corinthians 3:14 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Но умовите нивни заслепеа, бидејќи и до ден денес, кога се чита Стариот завет, покривалото стои несимнато, зашто Христос го симнува.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Но умовите нивни заслепеа, бидејќи и до ден денес, кога се чита Стариот завет, им стои истиот превез, зашто само Христос го симнува.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Но нивните умови беа закоравени. Зашто, до денешниот ден останува истото покривало при читањето на Стариот Завет, и не се открива, зашто се отстранува само во Христа.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Но умовите им закоравеа, па и ден-денес, кога го читаат Стариот завет, превез им ги покрива умовите и тие не можат да ја согледаат вистината. Тој превез се отстранува само кога човек ќе поверува во Христос.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Но умовите нивни заслепеа, бидејќи и до ден денес, кога се чита Стариот завет, им стои истиот превез, зашто само Христос го симнува.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Но нивните умови заслепеа, бидејќи и до ден денес, кога се чита Стариот завет, им стои истиот превез, зашто тој се симнува само преку Христос.