2 Corinthians 3:7 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Ако, пак, служењето на смртта со букви, издлабени во камења, беше така славно, што синовите Израилеви не можеа да погледаат во лицето на Мојсеја, поради преодниот сјај на неговото лице,
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Ако, пак, смртоносното служење со букви, врежани во камења, беше така славно, што синовите Израелови не можеа да погледаат во лицето на Мојсеј, поради минливата слава на неговото лице,
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Ако пак служењето на смртта, со букви издлабени во камења, беше толку славно, така што Израелевите синови не можеа да го гледаат Мојсеевото лице, поради сјајот на неговото лице, кој требаше да престане,
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Мојсеевиот Закон беше врежан само на камени плочи, па сепак беше даден со таков блесок што луѓето не можеа да гледаат во лицето на Мојсеј, иако сјајот што тој го имаше полека бледнееше. Ако тој Закон што води во смрт беше даден на така величествен начин,
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Ако, пак, смртоносното служење со букви, врежани во камења, беше така славно, што синовите Израилеви не можеа да погледаат во лицето на Мојсеј, поради минливата слава на неговото лице,
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Ако, пак, служењето на смртта, врежано во камења со букви, стана толку славно што Израилевите синови не можеа да погледаат во лицето на Мојсеј, поради славата на неговото лице, којашто минува,