2 Corinthians 4:2 — Compare Translations

6 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
но се одрековме од тајните срамни дела за да не живееме во лукавство, ниту да го изопачуваме словото Божјо, туку со јавувањето на вистината да се покажеме на секоја човечка совест пред Бога.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
но се одрековме од прикриени срамни дела, не постапуваме со лукавство, ниту го изопачуваме словото Божјо, ту­ку со јавувањето на вистината се препорачуваме на секоја човечка совест пред Бога.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
​туку се одрековме од тајните, срамни работи; не живееме во лукавство, ниту го изопачуваме Божјото слово, но преку откривањето на вистината се препорачуваме себеси на секоја човечка совест пред Бога.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Се откажавме од сите подмолни и срамни работи. Не се служиме со итрини и не го извртуваме Божјиот збор, туку јасно, пред Бог, му ја откриваме вистината на секој човек, оставајќи му ја одлуката на неговата совест.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
но се одрековме од прикриени срамни дела, не постапуваме со лукавство, ниту го изопачуваме словото Божјо, туку со јавувањето на вистината се препорачуваме на секоја човечка совест пред Бога.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
туку се одрековме од прикриени срамни дела, не постапуваме лукаво, ниту го изопачуваме словото Божјо, туку преку објавувањето на вистината се препорачуваме на совеста на секој човек пред Бога.