2 Corinthians 5:4 — Compare Translations

6 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Оти, ние кои се наоѓаме во овој шатор, воздишуваме обременети; бидејќи не сакаме да се соблечеме, туку да се преоблечеме, та животот да го проголта смртното.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Зашто ние, кои се наоѓаме во овој шатор, воздивнуваме обременети; би­деј­ќи не сакаме да бидеме соблечени, туку да се преоблечеме, та животот да го проголта смртното.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Зашто, ние кои сме во овој шатор, воздивнуваме обременети; зашто не сакаме да се соблечеме, туку да се облечеме и над него, и така животот да го проголта она што е смртно.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Додека живееме во овој овоземен шатор, односно во нашите смртни тела, офкаме бидејќи имаме мака. Но ние не копнееме по тоа да умреме и да останеме без тела, туку со нетрпение чекаме да се преселиме во нашите нови тела, па вечниот живот да го проголта ова смртно тело.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Зашто ние, кои се наоѓаме во овој шатор, воздивнуваме обременети; бидејќи не сакаме да бидеме соблечени, туку да се преоблечеме, та животот да го проголта смртното.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Зашто и ние, наоѓајќи се во овој шатор, воздивнуваме обременети; бидејќи не сакаме да бидеме соблечени, туку да се преоблечеме, та животот да го проголта смртното.