2 Corinthians 7:5 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Оти, кога дојдовме во Македонија, никаков мир немаше телото наше; во сѐ бевме во маки; однадвор напади, одвнатре страв.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Зашто, кога дојдовме во Македонија, никакво спокојство немаше телото наше, но од секаде бевме притеснети во маки; однадвор борби, однатре страв.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Зашто, од кога дојдовме во Македонија, нашето тело немаше мир; туку отсекаде бевме во неволја; однадвор борби, внатре страв.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Откако дојдовме во Македонија, немаме мир. Се соочуваме со неволи од сите страни: однадвор напади, однатре стравови.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Зашто, кога дојдовме во Македонија, никакво спокојство немаше телото наше, но од секаде бевме притеснети во маки; однадвор борби, однатре страв.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Зашто и кога дојдовме во Македонија, нашето тело немаше никаква оддишка, туку отсекаде бевме притеснети во маки; однадвор борби, одвнатре стравови.