2 Corinthians 9:5 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Затоа сметав за потребно браќата да ги замолам да дојдат лично кај вас и да се погрижат порано, така што најавената ваша милостиња да се покаже како плод на благослов, а не на лакомство.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Затоа сметав дека е потребно да ги замолам браќата да дојдат претходно кај вас и да ја приготват вашата однапред ветена милостина, па да се покаже како плод на благослов, а не на лакомство.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И така, сметав за потребно да ги замолам браќата да отидат пред нас при вас, и да го приготват однапред вашиот отпорано најавен дар на благослов, така што да биде готов како благослов, а не како користољубие.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Значи сметав дека е неопходно да ги замолам браќата да дојдат кај вас пред јас да дојдам, и да ги соберат прилозите што вие уште отпорано ги ветивте. Така тоа нема да биде изнуден прилог, туку великодушен подарок од вас.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Затоа сметав дека е потребно да ги замолам браќата да дојдат претходно кај вас и да ја приготват вашата однапред ветена милостина, па да се покаже како плод на благослов, а не на лакомство.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Затоа, сметав дека е потребно да ги замолам браќата претходно да дојдат кај вас, за да го приготват вашиот претходно ветен дар, па да биде приготвен како дар, а не како изнуда.