2 Kings 10:25 — Compare Translations

4 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Кога жртвите сепаленици беа принесени, Јуј им рече на брзоодците и на војводите: »Одете, убијте ги, та ниеден да не излезе.« Ги убија со сечилото на мечот и ги исфрлија брзоодците и војводите, и отидоа во градот, каде што беше Вааловото светилиште,
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Кога жртвите сепаленици беа принесени, Јуј им рече на телохранителите и на дворјаните: „Одете, убијте ги, та ниеден да не излезе!“ Телохранителите и дворјаните ги убија со сечилото на мечот и ги исфрлија, и навлегоа дури во самото светилиште на Вааловиот храм.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Кога Јуј го заврши приносот на паленицата, им нареди на телохранителите и на началниците: „Влезете, погубете ги! Никој да не излезе!” Телохранителите и началниците влегоа, ги погубија со острилото на мечот и ги исфрлија надвор. После отидоа до светилиштето на Валовиот храм.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))