2 Kings 10:6 — Compare Translations

4 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Тој повторно им напишта вакво писмо: »Ако сте мои и ако се покорувате на зборот мој, земете ги главите на синовите на вашиот господар и дојдете утре во ова време при мене во Језраел.« И царските синови беа седумдесет души; ги воспитуваа највидните во градот.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Тој повторно им напиша вакво писмо: „Ако сте мои и ако се покорувате на зборот мој, земете ги главите на синовите на вашиот господар и дојдете утре во ова време кај мене во Јизреел.“ А царските синови беа седумдесет на број, и ги воспитуваа највидните во градот.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Јуј им напиша и второ писмо и рече во него: „Ако сте за мене и ако сакате да ме слушате, земете им ги главите на луѓето; на синовите на својот господар, и побарајте ме утре во ова доба во Езраел.” Имено, седумдесет царски синови беа кај угледните граѓани, кои ги воспитуваа.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))