2 Kings 12:18 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Но јудејскиот цар Јоас го зеде сето жртвувано, што го беа жртвувале на храмот неговите татковци, јудејските цареви – Јосафат, Јорам и Охозиј, и што самиот го беше жртвувал, и сето злато, најдено во ризниците на домот Господов и на царскиот дом, и му го испрати на сирискиот цар Азаил; тој тогаш го напушти Ерусалим.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Тогаш царот на Арам Азаил тргна во поход, отиде да војува против Гет, и го презеде; а потоа Азаил намисли да оди против Ерусалим.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Јоас, јудејскиот цар, ги зеде сите посветени дарови кои ги посветија јудејските цареви, неговите татковци: Јосафат, Јорам и Охозиј, сè што самиот посвети и сето злато што се најде во ризниците на Господовиот Дом и на царскиот дворец. Сè тоа му го испрати на Азаил, арамејскиот цар, и така тој се оддалечи од Ерусалим.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Но јудејскиот цар Јоас го зеде сето жртвувано што го беа жртвувале на храмот неговите предци, јудејските цареви Јосафат, Јорам и Охозија, и што самиот го беше жртвувал, и сето злато, најдено во ризниците на домот Господов и на царскиот дом, и му го испрати на арамејскиот цар Азаил; тој тогаш го напушти Ерусалим.