2 Kings 18:14 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Тогаш јудејскиот цар Језекиј испрати до асирскиот цар во Лахис да кажат: »Виновен сум; оди си од мене; сѐ што ќе ми наложиш, ќе поднесам.« И асирскиот цар му наложи на јудејскиот цар Језекиј триста таланти сребро и триста таланти злато.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Тогаш јудејскиот цар Езекија испрати до асирскиот цар во Лакиш да кажат: „Погрешив; оди си од мене; сѐ што ќе ми наложиш, ќе поднесам.“ И асирскиот цар му наложи на јудејскиот цар Езекија да плаќа триста кикари сребро и триесет кикари злато.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Тогаш јудејскиот цар Езекија му порача на асирискиот цар во Лахис: „Згрешив! Прекрати ги своите напади врз мене. Ќе носам сè што ќе наложиш.” Асирискиот цар побара од Езекија, јудејскиот цар, триста таланти сребро и триесет таланти злато.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))