2 Kings 2:6 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Пак му рече Илија на Јелисеја: »Остани тука, зашто Господ ме испраќа во Јордан.« А тој рече: »Жив Господ и жива ти душа! Нема да те оставам.« И тргнаа обајцата.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Пак му рече Илија на Елисеј: „Остани тука, зашто Господ ме испраќа накај Јордан.“ А тој рече: „Се колнам во живиот Господ и во твојата жива душа! Нема да те оставам.“ И тргнаа обајцата.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Илија му рече: „Сепак остани тука, зашто Господ ме праќа кон Јордан.” Ама тој одговори: „Господовиот ми живот и твојот: јас нема да те оставам!” И така тргнаа обајцата.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Пак му рече Илија на Елисеј: „Остани тука, зашто Господ ме испраќа накај Јордан.“ А тој рече: „Се колнам во живиот Господ и во твојата жива душа! Нема да те оставам.“ И тргнаа обајцата.