2 Kings 23:24 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Јосиј исто така ги истреби и повикувачите на мртви, и маѓепсниците, и вражалците, и идолите, и сите гадови, што се сретнуваа во Јудејската земја и во Ерусалим, за да ги исполни зборовите на законот, напишан во книгата, што свештеникот Хелкиј ја најде во домот Господов.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Јошија исто така ги истреби и повикувачите на мртви, и маѓесниците, и вражалците, и идолите, и сите пагански богови што се сретнуваа во јудејската земја и во Ерусалим за да ги исполни зборовите на законот, напишан во книгата што свештеникот Хелкија ја најде во домот Господов.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Освен тоа, сите бајачи и сите вражалци, сите домашни богови и кипови, и сите срамови што можеа да бидат видени во јудејската земја и во Ерусалим, сè тоа Јосиј отстрани за да ги изврши зборовите на Законот, запишани во книжниот свиток кој го најде Хилкиј, свештеник на Господовиот Дом.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Јошија исто така ги истреби и повикувачите на мртви, и маѓепсниците, и вражалците, и идолите, и сите пагански богови што се сретнуваа во јудејската земја и во Ерусалим за да ги исполни зборовите на законот, напишан во книгата што свештеникот Хелкија ја најде во домот Господов.