2 Kings 3:7 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
па отиде и испрати да му кажат на јудејскиот цар Јосафата: »Моавскиот цар се одметна од мене; одиш ли со мене во војна против Моава?« Тој одговори: »Одам; како што ќе отидеш ти, така и јас, како твојот народ, така и мојот народ, како твоите коњи, така и моите коњи.«
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
па отиде и испрати да му кажат на јудејскиот цар Јосафат: „Моавскиот цар се одметна од мене. Ќе дојдеш ли со мене во војна против Моав?“ Тој одговори: „Ќе дојдам; Јас сум со тебе. Мојот народ е и твој народ, а моите коњи се и твои коњи.“
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Потоа му порача на јудејскиот цар Јосафат: „Моавскиот цар се побуни против мене. Сакаш ли со мене во војна против Моавците?” Јудејскиот цар одговори: „Сакам! Јас како ти, мојот народ како твојот народ, моите коњи како и твоите коњи.”
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
па отиде и испрати да му кажат на јудејскиот цар Јосафат: „Моавскиот цар се одметна од мене. Ќе дојдеш ли со мене во војна против Моав“ Тој одговори: „Ќе дојдам; Јас сум со тебе. Мојот народ е и твој народ, а моите коњи се и твои коњи.“