2 Kings 7:16 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Тогаш народот излезе и го разграби сирискиот логор, и една мера чисто брашно стана за сикла, и две мери јачмен – за сикла, според словото Господово.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Тогаш народот излезе и го разграби логорот на Арамејците, и една сеа чисто брашно се продаваше за еден шекел сребро, а две сеи јачмен — за еден шекел сребро, според словото Господово.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И народот излезе и почна да го ограбува арамејскиот логор: и мера чисто брашно беше за шекел, а две мери јачменово брашно за еден шекел според Господовото слово.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Тогаш народот излезе и го разграби логорот на Арамејците, и една сеа чисто брашно се продаваше за еден шекел сребро, а две сеи јачмен – за еден шекел сребро, според словото Господово.