2 Kings 7:6 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Зашто Господ беше направил така, што во сирискиот логор се чу топот од коли, ржење на коњи, шум од голема војска. И Сиријците си беа рекле еден на друг: »Навистина, израилскиот цар ги најмил против нас хетејските и египетските цареви, за да нѐ избркаат.«
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Зашто Господ беше направил така што во арамејскиот логор се слушна топот од коли, 'ржење на коњи, шум од голема војска. И Арамејците си беа рекле еден на друг: „Навистина, израелскиот цар ги најмил против нас хитиските и египетските цареви за да нѐ избркаат.“
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Зашто Господ направи та во арамејскиот логор се чу шум од коли и коњи, врева на голема војска. И зборуваа меѓу себе: „Ете, царот на Израел ги наеми против нас хетитските цареви и египетските цареви за да тргнат против нас.”
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Зашто Господ беше направил така што во арамејскиот логор се слушна топот од коли, 'ржење на коњи, шум од голема војска. И Арамејците си беа рекле еден на друг: „Навистина, израилскиот цар ги најмил против нас хитиските и египетските цареви за да нѐ избркаат.“