2 Kings 9:15 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Во тоа време царот Јорам се беше вратил да се лекува во Језраел од раните, што му ги нанесоа Сиријците, кога војуваше против сирискиот цар Азаил. И Јуј им рече: »Ако сте согласни со мене, никој нека не излегува од градот, за да оди да извести во Језраел.«
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Во тоа време царот Јорам се беше вратил да се лекува во Јизреел од раните што му ги нанесоа Арамејците, кога војуваше против царот Азаил. И Јуј им рече: „Ако сте согласни со мене, никој нека не излегува од градот за да оди да извести во Јизреел.“
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Ама царот Јорам се врати во Израел за да ги лечи раните што му ги зададоа Арамејците во бојот против Азаил, арамејскиот цар. И Јуј рече: „Ако ви е по волјата, нека никој не избега од градот за да однесе вест во Езраел.”
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))