2 Kings 9:16 — Compare Translations

4 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Јуј се качи на коњот и тргна за Језраел, каде што лежеше Јорам, царот израилски, за да се лекува од раните, што му ги беа нанеле Сиријците во Рамот, кога војуваше против силниот и моќниот сириски цар Азаил, и каде што беше дошол јудјскиот цар Охозиј, за да го посети Јорама.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Јуј се качи на својата кола и тргна за Јизреел, каде што лежеше Јорам, и каде што беше дошол јудејскиот цар Охозија за да го посети Јорам.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Тогаш Јуј се качи во кола и отиде кон Езраел, зашто Јорам боледуваше таму, и Охозиј, јудејскиот цар, дојде да го посети.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Јуј се качи на својата кола и тргна за Јизреел, каде што лежеше Јорам, царот израилски за да се лекува од ра­ните што му ги беа нанеле Арамејците во Рамот, кога војуваше против силниот и моќниот арамејски цар Азаил, и каде што беше дошол јудејскиот цар Охозија за да го посети Јорам.