2 Peter 3:9 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Господ нема да задоцни со Своето ветување, како што некои мислат за бавењето; но долго време трпи, бидејќи не сака да изгинат некои, туку сите да се обрнат кон покајание.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Господ нема да задоцни со Своето ветување, како што некои мислат за бавењето; но долго време трпи, бидејќи не сака да загине некој, туку сите да се покаат.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Господ не го забавува тоа што го ветил, како што некои мислат за тоа бавење, туку го покажува Своето трпение кон вас, зашто не сака некој да пропадне, туку сите да дојдат до покајание.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Господ не одолжува со исполнувањето на Своето ветување, како што некои мислат. Тој само е трпелив, зашто не сака никој да заврши во пропаст, туку секој да се покае и да се спаси.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Господ нема да задоцни со Своето ветување, како што некои мислат за бавењето; но долго време трпи, бидејќи не сака да загине некој, туку сите да се покаат.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Господ нема да задоцни со ветувањето, како што некои ова го сметаат за задоцнување; но долго време нѐ трпи, бидејќи не сака некој да загине, туку сите да дојдат до покајание.