2 Samuel 12:31 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
А народот, што беше во него, го изведе и го пренесе преку пили, преку железни гребла, преку железни секири и го фрли во печката за печење тули. Така постапи тој со сите амонитски градови. Потоа Давид се врати со сиот народ во Ерусалим.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
А народот што беше во него, го изведе и му наложи да работи со пили, со железни гребла и со железни секири, или пак ги испрати да печат тули. Така постапи тој со сите амонски градови. Потоа Давид се врати со сиот народ во Ерусалим.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
А народот што беше во него го изведе и го стави да работи кај пилите, и со железни копачи, и со железни секири, и го употреби за работа во туланите. И така исто им правеше на сите градови на Амоновите синови. Потоа Давид се врати, со својата војска во Ерусалим.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))