2 Samuel 17:23 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Ахитофел, кога виде, дека советот негов не се исполни, го оседла оселот, се подготви, отиде во домот свој, во својот град, направи завештание за домот свој, и се обеси, и умре, и го погребаа во татковиот му гроб.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Ахитофел, кога виде дека неговиот совет не го послушаа, го оседла магарето, се подготви, отиде во домот свој, во својот град, откако ги уреди домашните, се обеси, умре, и го погребаа во татковиот му гроб.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Кога Ахитофел виде дека не се исполни неговиот совет, го насамари своето осле, тргна на пат и си отиде во својата куќа во својот град. Таму се погрижи за својата куќа, потоа се обеси и умре. Го погребаа во гробот на неговиот татко.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Ахитофел, кога виде дека неговиот совет не го послушаа, го оседла магарето, се подготви, отиде во домот свој, во својот град, откако ги уреди домашните и се обеси, умре, и го погребаа во татковиот му гроб.