2 Samuel 19:8 — Compare Translations

4 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Стана царот и седна при портите, а на сиот народ му јавија, дека царот седи при портите. И сиот народ дојде пред царот пред портите; а Израилците се разбегаа по шаторите свои.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
затоа стани, излези и позборувај им по срце на слугите твои; зашто, се колнам во Господ дека, ако не излезеш, оваа ноќ ниеден човек нема да остане со тебе; тоа ќе биде за тебе полошо од сите беди што те снашле од младоста до денес.“
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Царот стана и седна при вратата. Му го јавија тоа на сиот народ, говорејќи: „Ене, царот седи при вратата.” И целиот народ дојде пред лицето на царот (кај вратата). А Израелците се разбегаа секој во својот шатор.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Стана царот и седна крај портите, а на сиот народ му јавија дека царот седи крај портите. И сиот народ дојде пред царот кај портите; а приврзаниците на Авесалом се разбегаа по шаторите свои.