2 Samuel 3:8 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Авенир многу се налути од зборовите на Јевостеја и рече: »Зар сум јас песја глава? Јас денес направив милост кон домот на татко ти Саула, кон браќата негови и пријателите нагови против Јуда, и не те предадов во рацете на Давида, а ти сега заради една жена бараш во мене грев!
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Авенир многу се налути од зборовите на Ишбошет и рече: „Зар сум јас песја глава? Јас денес направив милост кон домот на татко ти Саул, кон браќата негови и пријателите негови против Јуда, и не те предадов во рацете на Давид, а ти сега заради една жена бараш во мене грев!
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
На тие Исвостееви зборови Авенир се разгневи и рече: „Зар сум јас кучешка глава во Јуда? До денес им правев само добро на домот на твојот татко Саул, на неговите браќа и на неговите пријатели; не дозволив да паднеш во Давидовите раце, а ти ме прекоруваш денес заради обична жена!
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))